• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Карванот за кампањата „На секое дете му треба семејство“ денеска во Тетово

Карванот за кампањата „На секое дете му треба семејство“ денеска во Тетово

Тетово, 25 јули 2018 (МИА) - Карванот во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“ денеска беше во Тетово, каде на градскиот плоштад граѓаните се информираа за условите за згрижување дете.  
 
Во Центарот за социјална работа Тетово има роднински згрижувања, а пет деца од градот се згрижени низ други места во Македонија. Карваот денеска беше на тетовскиот плоштад. 
 
Целта на проектот е да се зголеми поддршката за згрижување и наместо децата да се систематизираат во големи социјални центри, да можат да ја почувствуваат семејната топлина. 
 
Директорката на Центарот за социјална работа Тетово, Нада  Блажеска, вели дека секој кој сака да биде згрижувачко семејство првично треба да покаже интерес, да понуди грижа и љубов на конкретното дете.
 
Проектот се реализира со помош на Организацијата на Обединети Нации, УНИЦЕФ. Целта на оваа кампања е преку деинституционализација, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години да се извлечат од институциите и да се сместат во мали групни домови, згрижувачки семејства и други форми на соодветно сместување. 
 
Според едно истражување спроведено во 33 европски држави, вдомувањето на децата во згрижувачки семејства е неколкупати поефтино во споредба со сместување во соодветни институции, а ефектите се многу поголеми зошто децата растат во здрави семејни услови. ас/вг/15:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...