• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Гостивар се вклучи во кампањата „На секое дете му треба семејство"

Гостивар се вклучи во кампањата „На секое дете му треба семејство"

Гостивар, 26 јули 2018 (МИА) - Со пораки за поддршка на иницијативата за згрижување на деца без родителска грижа во семејство и пригодна културно-уметничка програма, гостиварската локална самоуправа и официјално се вклучи во кампањата „На секое дете му треба семејство".

Во летниот амфитеатар беше преставена кампањата која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ.

- Општина Гостивар ќе биде отворена и секогаш ќе поддржува иницијативи во чиј фокус се децата. Ја подржуваме кампањата „На секое дете му треба семејство“ и ќе се залагаме тие деца да се социјализираат, да се дружат и да ги имаат сите услови, да го живеат животот исто како нивните врсници, изјави Аслиан Снопче од општина Гостивар.

Како важен аргумент за успешен развој на секое дете, социјалните работници го истакнаа позитивното влијание кое го има згрижувањето во функционално семејство.

- Само во семејна средина детото може да почувствува љубов, поддршка и припадност. Згрижувачките семејства обезбедуваат најдобра алтернативна грижа во случаи кога биолошкото семејство не е во можност да му ја пружи сета љубов и грижа кои му се потребни на детето, рече Билјана Ангелеска од Центарот за социјална работа во Гостивар.

Билјана Велковска, преставник на УНИЦЕФ, истака дека со оваа кампања сакаат да ги мотивираат граѓаните да станат згрижувачи со што се збогатува животот на детето и на семејството коу му пружа дом. згм/дма/15:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...