• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Персонални асистенти - секојдневна помош за лицата со попреченост

Персонални асистенти - секојдневна помош за лицата со попреченост

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - Персонални асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост во извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, помош при образованието и работењетo. Неодамна 92 невработени лица добија сертификати за персонални асистенти кои ќе ги даваат овие потребни услуги. Ова е пилот проект, што ќе трае шест месеци, а согласно потребите на овие лица, треба да стане системско решение, нешто што го најавија и од Министерството за труд и социјална политика. Од организациите на лицата со попреченост посочуваат дека при изготвување на законските решенија треба да се следат насоките и препораките од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Пилот проектот, сметаат, треба да покаже колкава е потребата од персонални асистенти во земјава. Оттаму истакнуваат и дека треба да се размислува и за проширување на сервисот за поддршка и за граѓани без попреченост, на кои во одреден период би им била потребна ваква услуга и оти таа треба да биде воспоставена и за децата со попреченост.

- Ова се првите чекори за стекнување доверба меѓу персоналните асистенти и лицата со попреченост. За оваа програма имаме издвоено повеќе од 17 милиони денари за оваа година, но, таа се предвидува во новиот Закон за социјална заштита со што решението ќе стане системско, рече министерката Мила Царовска на доделувањето на сертификатите. 

Врачени сертификати за персонални асистенти

Таа најави дека со новиот Закон за социјална заштита, што треба да стартува на 1 јануари, персоналната асистенција ќе биде гарантирана со закон. Додаде дека се подготвува нов оперативен план и во 2019 година ќе продолжат со континуирана едукација на повеќе персонални асистенти за да може да им се излезе во пресрет на лицата кои имаат потреба за вакви услуги.

Лицата кои можат да добијат услуга од персонални асистенти треба да се на возраст од 18 до 64 години, и да имаат потешка или најтешка физичка попреченост или да се лица со целосно оштетен вид. Лицата со попреченост веќе се јавуваат во центрите за социјална работа каде се врши поврзување со персоналните асистенти кои со своите услуги ќе има помогнат во движењето, социјализацијата, образованието и пазарот на труд, при извршувањето на секојдневните лични и домашни активности. Тие ќе им помагаат при посета на високообразовни институции, неформално образование, професионална рехабилитација или поддршка на работно место.

Персоналниот асистент месечно ќе биде ангажиран 80 часа односно половина работно време секој ден и може да биде на располагање на едно лице со попреченост. Потребата и распределбата на часовите ќе биде усогласена со лицето кое ќе ја користи услугата и согласно утврдената потреба.

Врачени сертификати за персонални асистенти1

Со оглед на фактот дека во Македонија има поголем број лица со попреченст отколку персонални асистенти и оваа услуга за прв пат се воведува, се наложува потребата за зголемување на бројот на лица кои ќе даваат персонална асистенција, нешто што го најави и министерката за труд и социјална политика, а го бараат и здруженијата на лицата со попреченост.

Од „Полио плус“ движење против хендикеп велат дека е потребно време да се увидат предностите и слабостите од воспоставувањето ваков вид поддршка.

- Потребно е време, имајќи предвид дека и перосналните асистенти ќе треба да се запознаат со овие лица, а тие ќе треба да ги евалоуираат и на крај дали ќе се согласат тие одредено лица може да им биде персонален асистент, бидејќи системот за персонална асистенција е индивидуален, при што одлуката ја носи лицето со хендикеп дали ќе го задржи тој пероснален асистент или не, без ралзика што државата го плаќа, вели Елена Кочовска од Полио Плус и додава дека треба да помине извесен период за да може да се види каква ќе биде реакцијата кај лицата со хендикеп.  

Елена Кочовска

Таа додава дека при изготвувањето на законските решенија треба да се води сметка за почитување на начелата и принципите на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и принципите за независно живеење.

- Во Македонија малку ни е променет системот за разлика од тоа како ова прашање е уредено во Европа и во светот. Таму е различен и изборот и обучувањето на перосналните асистенти. Во моментов тоа е оставено на избор и стандарди кои ги има поставено државата и покрај тоа што станува збор за сервис за поддршка кое што го избира самото лице со попреченост. Тоа треба да каже на кој начин, каде, кога, во колкав временски период му треба персонална асистенција, а државата треба да го плати тој персонален асистент, вели Кочовска.

Според неа, реално е дека во Македонија е потребен поголем број асистенти за ваква поддршка, од овие што ги има ангажирано државата во моментов, но вели, тоа ќе се покаже во следниот период откако ќе се имплементира оваа пилот програма.

-Генерално, со оглед дека станува збор за личен асистент, потребата и во светски рамки е многу голема. Во одредени земји овој сервис е проширен не само за лицата со попреченост, туку и за лицата кои немаат таков проблем, но во одреден период од животот имаат потреба од личен асистент. Доколку овој сервис биде скроен така како што треба ќе може да ги опфати не само граѓаните со попреченост, туку и останатите на кои ќе им биде тоа потребно во одредени период од нивниот живот, истакнува Кочовска.

лица инвалидност

Таа потенцира дека личниот асистент е неопходен за лицата со попреченост, без разлика за каков вид попреченост станува збор, но и оти тој е потребен и кај децата со хендикеп, заради што државата треба да ја направи оваа поддршка достапна за сите деца кои имаат потреба од неа.

-И во тој случај треба да важи принципот детето да избира персонален асистент, а неговата волја и неговиот најдобар интерес да бидат прво земени предвид, истакнува Кочовска. 

Од Министерството за труд и социјална политика, најавија и дека ќе направат  напори идната година да ја развие и услугата  за помош и нега во домот, која недостасува во моментот, а која исто така ќе помогне во поддршката пред се на биолошките семејства кои се грижат за деца/лица со попреченост.

Славица Стефановска

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...