Кампањата „На секое дете му треба семејство“ промовирана во Битола

Кампањата „На секое дете му треба семејство“ промовирана во Битола

Битола, 30 јули 2018 (МИА) - Националната кампања „На секое дете му треба семејство“ денеска продолжи во Битола со промоција на идејата што помалку деца да има во институциите и што повеќе семејства да згрижат дете.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека очекува во Битола да се зголеми бројот на згрижувачки семејства затоа што во овој момент во овој град ги има само четири. 

- Сакаме секое семејство во Македонија, па и секој поединец којшто има љубов за давање, да згрижи дете пред тоа да влезе во институција, и без разлика дали тоа дете е со типичен или атипичен развој. Секое дете има потенцијал во себе. Битола ќе ја трансформираме затоа што сакаме до 2020 година да нема ниту едно дете на возраст од 0 до 3 години во институција, а во Битола, во институцијата што згрижува деца, се токму на таа возраст. Но сакам да посочам и дека ниту еден вработен во таа институција по нејзината трансформација нема да остане без работа, рече Царовска.  

Според градоначалникот на Битола Наташа Петровска, кампањата е навремена и во функција на секое дете на кое му треба семејство, а локалната самоуправа ќе донесе одлуки со кои ќе им се овозможи на згрижувачките семејства да имаат услови со кои ќе може да одговорат на предизвикот. 

- Нам ни требаат здрави генерации. Нам ни треба иднина, а таа е во децата. Затоа, кога зборуваме за децата и за тоа како од нив да направиме здрави личности, со силен дух и кои ќе умеат да се изборат со предизвиците на животот, тогаш не треба „купување време“, туку потребна е вистинска љубов, грижа и посветеност, рече Петровска на промотивниот настан кој беше збогатен со уметничка програма од деца за деца. мт/хс/ 19:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...