За 33,9 отсто намален бројот на деца во големите институции

За 33,9 отсто намален бројот на деца во големите институции

Скопје, 5 август 2018 (МИА) - За една година бројот на деца сместени во социјалните установи е намален за 33,9 отсто, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на податоците од процесот на деинституционализација за периодот август лани - август годинава.

Во овој период Министерството обезбедило вонинституционално згрижување за вкупно 95 деца.

Во истиот период, во вкупно шест социјални установи беа згрижени вкупно 45 деца. Дел од нив се деца без родители и родителска грижа, дел се со воспитно-социјални проблеми, или со попреченост. Во овој  11 деца сместени во  овие институции станаа полнолетни.

- Иако е амбициозно, сепак е остварливо. Посветено работиме ниту едно дете под 18 години до 2020 година повеќе да не престојува во социјалните установи во Македонија. Деинституционализацијата е промена на начинот на кој државата се грижи за децата и возрасните лица, кои имаат потреба од долгорочна социјална грижа. Наместо досегашните безлични и гломазни установи за колективна грижа, со овој процес се воспоставува систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот. Целта на процесот е да го зајакнат корисникот и да го поттикнуваат неговото активно учество во средината кадешто живее, наведува МТСП.

деца

Според Министерството, бидејќи семејното опкружување го поттикнува правилниот раст и развој, дел од децата се згрижуваат во семејства, други се посвојуваат или се дава поддршка на биолошкото семејство да обезбеди подобра грижа за своето дете. За дел од децата, пак, се создава средина налик на семејната, како што се малите групни домови. мч/хс/ 11:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...