• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Обуки за интегрирано управување со случаи во системот на социјална заштита

Обуки за интегрирано управување со случаи во системот на социјална заштита

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување во партнерство со УНИЦЕФ и УНДП денеска почнаа со интензивни обуки за интегрирано управување со случаи.

- Ова значи дека едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок, но и проблемите во секојдневнието. Ова дирекно ќе влијае на превенција од многу потенцијални ризици, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик со нивна активација на пазарот на труд, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). 

Оттаму информираат дека работат на јакнење на капацитетите на стручните работници во системот и оти во тек се огласи за вработување на нови 138 лица.

- Интегрираното водење случаи отвара можност за поголема поддршка на корисниците, а со тоа и подобри резултати во работењето, се вели во изјавата на заменик-директорот на Агенцијата за вработување Арбен Зибери. 

Според претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, водењето предмети може да има огромен позитивен потенцијал во сите аспекти на социјалната работа и во посредувањето при вработување.

- Ја подржуваме оваа клучна промена во начинот на кој корисниците се поврзуваат со најсоодветната услуга, со цел семејствата и децата да имаат квалитетен и исполнет живот, потенцира Перкс.

Во наредните месеци сите стручни работници од центрите за социјална работа и 30 отсто од вработените во Агенцијата за вработување ќе поминат обуки за интегрирано управување со случаи, како дел од подготовките за имплементација на новиот закон за социјална заштита. мд/сд/13:15

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.