МТСП нема да толерира несоодветно однесување со децата во градинките

МТСП нема да толерира несоодветно однесување со децата во градинките

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - По објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок.

- Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, се вели во соопштението од  Министерството за труд и социјална политика. 

Од МТСП информираат дека во најбрз рок ќе ја известат јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај. мд/сд/14:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...