Градскиот центар за социјална работа со апел да се пријавуваат лица и семејства во ризик

Градскиот центар за социјална работа со апел да се пријавуваат лица и семејства во ризик

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје апелира до граѓаните да го контактираат Центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик.

- Со пријавувањето на овие случаи граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби, се наведува во апелот од Центарот.

Пријавите, како што се наведува, ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година.

„Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите“, се наведува во соопштението.

Како што наведуваат од Центарот, тимот постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви: 078 / 230 943 и 076 / 381 762. ев/сд/12:53

###

ФОТО: МИА Архива 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ