• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Царовска најави отворање Центар за ран детски развој и информативна канцеларија во Кочани

Царовска најави отворање Центар за ран детски развој и информативна канцеларија во Кочани

Кочани, 21 август 2018 (МИА) - Mинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во рамки на работната посета на Кочани најави дека наскоро во таа општина ќе стартуваат најавените програми од социјален карактер, а за што значајна проактивност и придонес дава и локалната самоуправа.

- Во најкраток можен рок ќе започне со работа Центарот за ран детски развој во Кочани, а ќе биде отворена и информативната канцеларија поврзана со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Исто така, во тек се организациските подготовки за започнување со работа на нашите кејс менаџери или менаџери на случај во центрите за социјална работа, во кои е опфатен и кочанскиот, истакна министерката Царовска.

Во соработка со Министерството за здравство, наскоро ќе почне заедничка активност од социјално-здравствен карактер, при што ќе се формираат заеднички тимови кои ќе работат на терен.

На средбата со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, министерката информираше дека со започнувањето со работа на Дневниот центар за деца со попреченост веќе ќе нема потреба малолетните лица секојдневно да патуваат во соседните општини во регионот, а тој ќе функционира како посебна работна единица во состав на Центарот за социјални работи од Кочани. та/рп/15:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ