Царовска: Институциите постапија според протоколите за случајот со девојчето од Домот „25 Мај“

Царовска: Институциите постапија според протоколите за случајот со девојчето од Домот „25 Мај“

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Како систем на социјална заштита го направивме она што беше потребно да се направи како грижа, заштита и психолошка поддршка, а исто така и здравствените институции постапија согласно протоколите, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во врска со случајот со малолетното девојче од Домот „25 Мај“, кое минатата недела во полиција пријави дека непознато лице извршило други полови дејствија над неа, додека престојувала на летување во Струга.

- Она што е важно е дека сите здравствени прегледи се направени кај девојчето. Девојчето е во добра здравствена и општа состојба. Се работи од страна на стручен тим за нејзина психолошка понатамошна заштита, рече Царовска.

Во врска со тоа дали станува збор за силување, рече оти како Министерство, ниту се надлежни, ниту потенцирале дали станува или не станува збор за силување. 

- Ги замолувам сите медиуми, кога станува збор за ваков тип прашања, да не се избрзува со дефинирање, затоа што не секогаш работите се такви какви што изгледаат од првиот пат. Важно е да ги почитуваме зборовите што ги користи полицијата или јавното обвинителство, зашто станува збор за други полови дејствја, но откако ќе се утврди за што точно станува збор, јас најтранспарентно ќе ја користам реториката и зборовите што ги користат надлежните институции, додаде Царовска.

Во однос на тоа дали има пропуст кај воспитувачите, со оглед на тоа дека станува збор за настан што се случил околу 16 часот, рече дека е направен разговор со сите и МВР истражува исто така, затоа што, рече, „кога станува збор за одговорност, станува збор за одговорност од сите страни и сите вклучени во случајот“.

- МТСП ги дава на располагање сите потребни податоци кои на МВР му се потребни за истрагата, за да се утврдат елементите и да се утврди вината на целиот случај. Штом ќе имаме детали веднаш ќе излеземе со информација, заклучи Царовска. нд/лв/13:21

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...