Нова еко-технологија во детската градинка од Делчево

Нова еко-технологија во детската градинка од Делчево

Делчево, 27 август 2017 (МИА)Пред почетокот на новата воспитно-образовна година, детската градинка Весели Цветови од Делчево со неколку новитети ја продолжува грижата за дечињата преку обезбедувањето чист работен простор за нив и за своите вработени.
 
Во таа насока како што истакна директорката на градинката, Билјана Симовска, извршена е набавка на нови еко-апарати кои ќе ги редуцираат штетните честички во установата.
 
- Благодарение на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на минатата недела добивме прочистувачи на воздух. Станува збор за два еко-апарати кои се со зафатнина од 99 метри квадратни. Тие ќе бидат распоредени во нашата установа за да можат дечињата да уживаат во чист воздух, бидејки знае јавноста дека прочистувачите на воздух ги собираат сите отровни честички кои се штетни за здравјето на децата, рече Симовска.
 
Како што информираше таа, во наредниот период во установата во план е и реконструкција на постоечката кујна.
 
- Се надевам дека во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе успееме да ја реновираме нашата кујна, бидејки ние ги обезбедивме сите неопходни потребни современи апарати за да се готви здраво за децата, но самата просторија неопходно е да биде реновирана. Се надевам со новиот буџет на Минстерството за 2019 година ќе влеземе со овој наш проект, со што ќе ја направиме постоечката кујна подобра од сега, додава Симовска.
 
Почетокот на новата воспитно-образовна година делчевската детска установа го дочекува со комплетно извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација и усогласување на просторот согласно стандардите предвидени за воспитно образовни установи. вс/сст/12:14

###

 
 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...