Целодневен престој во детската градинка во Делчево

Целодневен престој во детската градинка во Делчево

Делчево, 30 август 2018 (МИА) - Со поддршка од Советот на општина Делчево во градинката „Весели Цветови“ во Делчево со почетокот на новата учебна година ќе започне да функционира и групата за целодневен престој. 
 
Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, групата ќе биде формирана откако дечињата ќе тргнат на училиште, а кадарот за успешно нејзино функционирање веќе е обезбеден.
 
- Од оваа воспитно образовна програма со одлука на Совет ОЈУДГ „Весели Цветови“ ќе опслужува со храна деца со целодневен престој. За таа цел ќе се формира група со наш кадар од установата. Се надевам дека родителите ќе ја одберат оваа можност бидејќи нема посигурно и побезбедно место на подготвување храна како што е во нашата установа, рече Симовска.
 
Како што информираше Симовска, во моментот во градинката течат поготовките за прием на сите дечиња кои од септември ја започнуваат новата воспитно-образовна година.
 
-Ние како установа ги завршивме подговотките во однос на образовниот процес. Пред почетокот на првиот училишен ден градинката ги има набавено сите дидактички материјали и нагледни средства, а некои и допрва ќе стигнат со цел да се подновиме. Бидејки дечињата учат низ игра, ние се трудиме максимално да им обезбедиме се во однос на успешен почеток на новата образовна година, информира Симовска.
 
Над 300 дечиња ќе ја започнат новата воспитно-образовна година во градинката во Делчево од кои 69 дечиња за прв пат ќе посетат градинка во Делчево.вс/скс/16:14

###

 


 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ