Подобрени условите за децата во штипската градинка „Астибо“

Подобрени условите за децата во штипската градинка „Астибо“

Штип, 6 септември 2018 (МИА) - Во изминатата година во речиси сите објекти на градинката „Астибо“ во Штип се подобрени условите за престој на децата од претшколска возраст.

Директорката на градинаката „Астибо“ Билјана Трајчевска вели дека деновиве добиле и прочистувачи на воздухот кои веќе се поставени во занималните.

- Направивме замена на под и бојадисување на јаслите во објектот „Астибо“, бојадисување и темелно чистење на ходиниците во овој објект. Направивме замена на подни облоги во шест занимални во сите наши објекти. Ги заменивме завесите во клонот „Бамби“ во населбата Баби. Направивме замена на столчиња и масички во две занимални во објектот „Астибо“, рече Трајчевска.

Таа соопшти дека планираат замена на дотраените прозорци и врати во објектот „Астибо“, замена на оградата во објектот во населбата 8 Ноември, како и подобрување на пристапот во објектот „Бамби“ во населбата Баби.

Во градинката „Астибо“ се згрижени вкупно 845 дечиња од неколку населби во Штип. вдј/мд/16:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ