• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во штипските градинки на листата за чекање останаа 60 деца

Во штипските градинки на листата за чекање останаа 60 деца

Штип, 8 септември 2018 (МИА) - Најмалку 60 деца од претшколска возраст останаа на листите за чекање во двете градинки во Штип. Најмногу се чека за прием во објектите на градинката „Астибо“ каде, што како што вели директорката Билјана Трајчевска, имаат 50 дечиња кои чекаат да бидат примени во еден од клоновите низ штипските населби.

- Во нашата градинка имаме запишано 850 дечиња, но за жал околу 50 дечиња останаа на листа на чекање. Се уште течат уписите на деца, доаѓаат, поднесуваат документи и конечната бројка за примени дечиња ќе ја имаме на 20-ти септември, рече Трајчевска.

Според директорката, најголем проблем со сместувачки капацитети има во клоновите „Бамби“ во населбата Баби и клонот „Сончогледи“ во населбата Сењак.

- Сите оние дечиња кои во септември нема да се јават во градинка, на тие места ќе бидат запишани дечиња од списокот на чекање, рече Трајчевска.

Во градинката „Вера Циривири –Трена“ на листата на чекање останале над 10 дечиња. Од општина Штип велат дека овој проблем со долгите листи на чекање ќе се надмине со изградбата на градинката во населбата Сењак, која ќе има капацитет за 200 деца, а се очекува да биде пуштена во употреба наредната година. вдј/мд/14:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ