• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Неофит: Имаме консензус за главните прашања со МПЦ

Неофит: Имаме консензус за главните прашања со МПЦ

Скопје, 21 јануари 2018 (МИА) - Имаме консензус за главните прашања на иднината. Претстојат интензивни средби и разговори. Ние се обидуваме да се ислуша со внимание, да го одржиме добриот тон, да се сретнеме со архиереите и со луѓето од кои зависи придвижувањето на ова прашање, изјави за БГНЕС патријархот Неофит во врска со иднината на приближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Прашан дали ќе учествува на претстојното одбележување 1.000 години од основањето на Охридската архиепископија, Неофит рече дека ќе се размисли како ќе се одбележи овој датум.

- Ќе размислиме како да се одбележи овој датум. Со Бога напред! Ние ќе се стремиме да му служиме на Христовата љубов и мир, истакна патријархот. 

МПЦ-Охридска архиепископија минатата есен побара БПЦ да биде нејзина Црква-мајка и да се борат за нејзината автокефалност. Светиот синод на БПЦ формира специјална комисија за решавање на прашањето и веќе беа одржани првите средби. Во Софија дојде и архиепископот г.г. Стефан.

Патријархот Неофит се состана на 7 јануари со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, каде што служеше миса во обновениот Св. Стефански Железен храм во Истанбул. Потоа, двајцата духовни пастири имале разговори што влијаеле на темата на самопрогласената МКЦ-ОА. мч/сст/11:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ