• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Владика Агатангел: Одговорност на нашата генерација е да го состави разделеното

Владика Агатангел: Одговорност на нашата генерација е да го состави разделеното

Скопје, 22 јануари 2018 (МИА) - Деновиве бевме сведоци на применето „антиевангелие“. Ако Христовата порака е втемелена врз радоста и љубовта, тогаш она што се организираше по улиците на Солун и останатите грчки градови од страна на грчкото свештенство е сé само не Евангелието и неговите основни постулати“, наведува во писмено соопштение митрополитот повардарски Агатангел.

Оние кои се повикани да го поттикнуваат преумувањето на човекот, посочува владиката Агатангел, се спуштија до дното на човечките страсти и место да го преобразуваат светот живеејќи го животот Христов, тие дозволија светот нив да ги преобрази и да ги потоне во неговите ништожности.

- Грчкото свештенство пред очите на целата светска јавност изврши убиство врз својот ближен и со самото тоа си ги подзатвори Портите од Царството Божјо. За каква тоа духовност имаат намера во иднина да проповедаат овие луѓе, до Евзони ли се простира нивната љубов и трпение? Срамно и страшно е да се гледа овој пад, оваа заблуденост и лицемерие. Атеистите се покажаа како подобри и потолерантни луѓе од верниците, зашто тие ги врзуваа конците на мирот што беа пресечени од лажните Христови следбеници, наведува г. Агатангел.

Тој потенцира дека вистинскиот духовен човек ја поттикнува благородноста на личноста и никогаш не ги поддржува погубната страст и гревовност, во јавноста секогаш пази на секој изречен збор и со сето срце ревносно ја брани правдата и вистината, знае дека нему сé му е дозволено, но не сака ништо да завладее со него.

- Патриотизмот за неговите сфаќања е акт на чистата љубов кон својот брат и сонародник и во никој случај не го исклучува, омаловажува и отфрла другиот свет и различниот од себе. Национализмот пак е болест, зашто врз омразата се потпира. Патриотизмот никого не повредува, национализмот мрази и убива. Одговорност на нашата генерација е да го состави разделеното, во доброто да го поттикне народниот дух, да го врати загубеното достоинство, да го обели извалканиот образ. Во овој сенароден потфат наши основни алатки се верата, надежта и љубовта. Наоружани со нив ќе победуваме во секое време и на сите полиња. Злото и омразата им го оставаме на оние што решиле духовно да починат, додава митрополитот повардарски Агатангел. рп/сд/15:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...