Мета го одликува поглаварот на ИВЗ Реџепи со орден Скендербег

Мета го одликува поглаварот на ИВЗ Реџепи со орден Скендербег

Тирана, 25 јануари 2018 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета денеска му врачи орден „Скендербег“ на поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи.

Орденот му се доделува за посебни достигнувања во промоција на мирот, љубовта, хуманизмот и хармонијата на меѓуверскиот соживот. Исто така како мотив се наведува и заштитата на интересите и исламскиот верски живот меѓу Албанците, грижата за развојот на образованието, на верските институции во национален дух.

Како што јави тиранската телевизија Ора њус, одликувањето му се доделува и за неговата заслуга за официјализирање на албанскиот јазик во исламските институции во Македонија.

- Во 1991 година Реџепи го официјализира албанскиот јазик во институциите на ИВЗ во Македонија, а една година подоцна беше еден од потписниците на групата иницијатори за формирање на Универзитетот во Тетово. Организацијата што тој ја раководи беше главна во прифаќањето и грижата за бегалците од хумантарната криза 1998/99 од Косово, наведува телевизијата.

На свеченоста присуствувал и македонскиот амбасадор во Тирана,Стојан Карајанов, дебарскиот муфтија Рамазан Хаса,високи претставници на верските заедници во Албанија, Косово и Црна Гора,како и пратеници и други гости. вт/ев/19:47

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...