• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Кражба во црквата „Свети Димитрија“ на православните гробишта во Тетово

Кражба во црквата „Свети Димитрија“ на православните гробишта во Тетово

Тетово, 5 јануари 2018 (МИА) - Непознати сторители изминатата ноќ извршиле тешка кражба во црквата „Свети Димитрија“, што се наоѓа на православните гробишта во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Случајот бил пријавен утрово од клисарот Т.П.(58) од Тетово.

- Според првичните податоци од увидот сторителите најпрвин насилно ги отстраниле и одзеле двата катинара и ја скршиле цилиндер бравата од вратата по што влегле во објектот и од две кутии за доброволни прилози од верниците одзеле 2.500-3.000 денари во разни апоени, а потоа незабележани избегале. При увидот на местото бил пронајден е метален предмет - хебла за кој се претпоставува дека го користеле за провалување на вратата, како и еден пластичен пиштол, рече Јосифовски.

Полицијата презема мерки и активности за откривање на сторителите. Ова е дванаеста кражба во верски објекти од почетокот на годинава во тетовско гостиварскиот регион. ас/дма/10:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ