• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Задушница - спомен за починатите

Задушница - спомен за починатите

Скопје, 10 јануари 2018 (МИА) - Православните христијани денеска одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.
 
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
 
Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
 
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
 
Денешната Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.   
 
Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела  поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи. Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово - Велигден. са/08:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ