Неофит: Кога ќе треба да се исполни должноста, тоа и ќе го направиме

Неофит: Кога ќе треба да се исполни должноста, тоа и ќе го направиме

Скопје, 19 февруари 2018 (МИА) - Кога ќе треба да ја исполниме должноста, тоа и ќе го направиме, изјави бугарскиот патријарх Неофит за Бгнес, во врска барањето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија до Бугарската православна црква да и биде црква-мајка и да се бори за нејзината автокефалност.

Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.

На прашањето дали по топлиот пречек, наскоро може да се очекува заедничко сослужение меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, патријархот Неофит вели дека „тоа што се случи е радосно, но оти деталите ќе се разгледуваат во иднина во меѓуцрковните односи“.

- Кога ќе биде неопходно, кога ќе треба да се исполни должноста, тоа ќе го направиме, изјави Неофит одговарајќи на прашање дали наскоро ќе ја посети Македонија, откако покана му упати поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан. 

Претседателот Румен Радев, потсетува Бгнес, заедно со пловдивскиот владика Николај и старозагоскиот Кипријан, изминатиот викенд беа пречекани со биење на камбани и мноштво народ во најголемиот македонски манастир - Бигорскиот. Тоа беше и прва посета на некој странски претседател на Бигорската обител. Пред да го посетат манастирот, двајцата бугарски митрополити имаа средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.сст/са/07:54

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...