• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Сотировски се сретна со г.г. Стефан

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Сотировски се сретна со г.г. Стефан

Скопје, 26 февруари 2018 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска се сретна со поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

Од Комисијата соопштија дека покрај срдечните честитки за изборот на Сотировски за директор, г.г. Стефан ги истакнал своите искрени желби за негова успешна работа и поддршка за сите идни заложби во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската православна црква и нејзините верници.

Сотировски, на средбата која се одржала во кабинетот на поглаварот, ја посочил заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа била истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува. рп/дма/16:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ