Директорот на КОВЗРГ, Сотировски се сретна со бискупот Стојанов и претседателот на Еврејската заедница, Романо Николиќ

Директорот на КОВЗРГ, Сотировски се сретна со бискупот Стојанов и претседателот на Еврејската заедница, Романо Николиќ

Скопје, 1 март 2018 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски денеска се сретна со бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и со  претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ.

Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопштија дека на средбата во резиденцијата на поглаварот на Католичката црква, Сотировски и бискупот Стојанов разговарале за важноста од отворен и искрен дијалог за важните прашања за граѓаните од сферата на верските чувства и определби како сензитивна област. Била особено истакната потребата од зголемена соработка меѓу Католичката црква и Комисијата во интерес на граѓаните припадници на оваа значајна верска заедница.

Сотировски го потенцирал досегашниот придонес на Католичката црква за стабилност на меѓуконфесионалните односи во државата. Додал дека Католичката црква и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов имаат особен придонес во стабилноста на колоритот на култури и заедници во државата, секогаш со умереност и почит кон другите, кон различните, и дека даваат позитивен пример и придонес.

Изразил надеж на зголемена соработка и меѓусебна поддршка за сите отворени прашања, меѓу Светата столица и Католичката црква со Владата на Република Македонија.

Бискупот Стојанов упатил искрени честитки кон новоименуваниот директор, притоа ја истакнал поддршката на Католичката црква за сите иницијативи на Комисијата во интерес на верниот народ, решавање на долгогодишни проблеми, како и унапредување на верските слободи и права и мотивирање на соработката и верскиот соживот.

На средбата меѓу Сотировски и Романо Николиќ во седиштето на Еврејската заедница во Скопје било разговарано за состојбите и околностите во кои работи Еврејската заедница. Била акцентирана потребата од афирмација на еврејската култура и спречувањето на сите појавни форми на дискриминација и семитизам во нашето општество. 

Средба на Сотировски со Романо НиколиќДиректорот Сотировски истакнал дека Комисијата ќе продолжи да работи за унапредување на човековите слободи и права и сервисно ќе одговори кон задоволување на потребите и отстранување на проблемите со кои се соочува оваа заедница.

Романо Николиќ истакнала дека Еврејската заедница во Република Македонија посветено работи кон запознавање на јавноста, односно граѓаните припадници на различните заедници со вредностите и културата на Евреите во Република Македонија. Особено го истакнала како значаен претстојниот настан кон средината на месецов кога во Македонија ќе бидат одбележани 75 години од Холокаустот на македонските Евреи. рп/вј/17:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ