• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Александар Волков од РПЦ: Желбата на МПЦ да добие црква мајка во БПЦ е сложена и важна тема

Александар Волков од РПЦ: Желбата на МПЦ да добие црква мајка во БПЦ е сложена и важна тема

Софија, 2 март 2018 (МИА) – Желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од двете страни. Тоа го изјави свештеник Александар Волков, началник на прес службата на Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил.

Изјавата беше одговор на прашање каков е односот на Руската православна црква за желбата на МПЦ, БПЦ биде нејзина мајка црква, јави БТА.

- Ние не можеме да предвидиме какви ќе бидат решенијата, но во секој случај Руската црква со внимание и со длабок интерес го набљудува процесот на преговори, изјави Волков.

Тој го даде одговорот за МПЦ откако им соопшти на новинари дека нема да се одржи предвидената прес конференција на митрополитот Иларион од РПЦ и на митрополитот Кипријан од БПЦ. Тоа беше дел од програмата на рускиот патријарх во првиот ден од тридневната посета на Бугарија. аа/зш/18:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...

Јакната на Хан Соло на аукција, се очекуваат 1,3 милион долари

Јакната што Харисон Форд ја носеше глумејќи го лик...