• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МПЦ-ОА: СПЦ покажува хегемонистички аспирации кон Македонија

МПЦ-ОА: СПЦ покажува хегемонистички аспирации кон Македонија

Скопје, 13 март 2018 (МИА) - Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиеископија (МПЦ-ОА) оценува дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ) содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА. 

- Со ова, СПЦ покажува своевиден анахронизам, контрадиктторност и непринципиелност кон своите сопствени одлуки: САС на СПЦ бр. 1744/ зап. 343 од 26 јуни 1959 година, чл. 165 точка 6 каде се вели: “Со оваа Одлука, престануваат да важат прописите од Уставот на СПЦ, за епархиите и архиереите на територија на НРМ. Истата Одлука на Синодот е потврдена на Светиот архиерејски собор на СПЦ - АСбр. 47/958 од 17 јуни 1959 година, донесена во Белград. Кој има очи - ќе види и кој има уши - ќе слушне!, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Светиот синод на МПЦ-ОА објавено по денешната синодска седница.

САС на МПЦ на седницата  разгледал повеќе прашања од црковниот живот, при што посветил посебно внимание на дејноста на воспитно-образовните институции, како и за престојните прослави на црковните јубилеи.

- Ова 2018 лето Господово е јубилејно и нашата Црква ќе ја одбележи илјадагодишнината на Охридската архиепископија, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи - “Света Софија” во Охрид на 28 мај. Исто така, во првата седмица од месец октомври 2018 година, ќе се одржи и Архиепископски црковно-народен собор и ќе се одбележат 60-те години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, се вели во соопштението. дма/

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...