Протоереј Џомиќ: Новиот Устав на СПЦ не предвидува територијална реорганизација

Протоереј Џомиќ: Новиот Устав на СПЦ не предвидува територијална реорганизација

Белград, 13 март 2018 (МИА) - Секретарот на Комисијата за ревизија на новиот Устав на Српската православна црква, протоереј Велимир Џомиќ за Радио Белград вели дека Комисијата ја завршила својата работа, по што следи дискусија после која ќе расправаат епископите и свештенството, по што финалната верзија со сите предлози и сугестии ќе биде доставена до Мајскиот Собор на СПЦ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Џомиќ посочил дека новиот Устав на СПЦ не предвидува територијална реорганизација, ниту слични медиумски шпекулации, особено за посебните синоди. Според него, тоа е измислица.

-  Постои само еден Свет Синод на СПЦ и Свет синод на Охридската автономна архиепископија, како и досега, вели Џомиќ и додава дека цркавата не смее да зависи од државните граници.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиеископија (МПЦ-ОА) денеска во соопштение по одржаната седница оцени дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ) содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА. об/дма/15:35

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...