„Воскресение Христово“, ново видео на Бигорскиот манастир

„Воскресение Христово“, ново видео на Бигорскиот манастир

Скопје, 31 март 2018 (МИА) - Бигорскиот манастир во пресрет на Велиден подготви уште едно видео, овој пат „Воскресение Христово“, во кое се искористени материјали од минатогодишното велигденско празнување.

Бигорската обител денеска ја одбележува Лазарева сабота, споменот за воскресението на четири дена мртвиот Лазар.

- Со ова дело кое го извршил Господ Исус Христос од љубов кон Неговиот пријател Лазар, ние, всушност, ќе го најавиме и ќе се подготвиме за големото и славно Христово Воскресение – воскресение пред Воскресение. Со самиот радосен контекст, овој празник ги воведува и подготвува верните за прославата на Воскресението Христово, но истовремено и ги потсетува на големите страданија кои Господ Исус Христос ќе ги поднесе за спасение на човечкиот род. Токму затоа е потребно сите заедно да дадеме придонес во оваа навистина значајна и важна подготовка, обидувајќи се да внесеме вистинска претпразнична и радосна атмосфера во срцата на верните, насочувајќи ги кон размислување за големите дела кои Христос ги изврши на земјата, велат од Бигорската обител.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...