• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МПЦ-ОА преку БПЦ прв пат официјално ќе го добие Благодатниот оган

МПЦ-ОА преку БПЦ прв пат официјално ќе го добие Благодатниот оган

офија, 2 април 2018 (МИА) - Македонската православна црква - Охридска архиепископија годинава по првпат за Велигден официјално ќе го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква. 

Благодатниот оган, пренесува БГНЕС, на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на македонскиот владика Иларион кој ќе биде испратен лично од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Веднаш потоа владиката Брегалнички Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје од каде Благодатниот оган ќе биде разнесен до сите православни храмови во Македонија. 

Благодатниот оган

Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј, што според најавите, директно ќе биде пренесувано од медиумите и социјалните мрежи во Бугарија. Митрополитот Антониј треба да слета на софискиот аеродром на 7 април, Велика сабота, во 19:30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија, а преку владиката Иалираон и до сите православни светилишта во Македонија. 

Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.са/сд/15:02

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...