• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Втор ден Велигден

Втор ден Велигден

Скопје,  9 април 2018 (МИА) - Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. По овој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ - Центар.

Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии. 

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Вториот ден Велигден, е државен празник и неработен ден за сите граѓани во Република Македонија. рп/са/08:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ