Иванов, Шекеринска и Мицкоски на Велигденската литургија во Соборен храм

Иванов, Шекеринска и Мицкоски на Велигденската литургија во Соборен храм

Скопје, 8 април 2018 (МИА) - По повод Воскресение Христово - Велигден денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржа воскресна литургија со која богослужеше Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан.

На литургијата присуствуваше шефот на државата Ѓорге Иванов, кој до верниците упати честитки со желби за многу здравје, радост и среќа.

- Поскаувам во животот да ги следи многу добрина, убавина и правдина. Празниците се за славење, но и за потсетување за сето она што го поминале нашите предци, за нивното опстојување, за вредностите што ни ги пренеле нам и што ние треба да ги сочуваме за нашите потомци. Овој Велигден не потсетува и на 1000 години од основањето на Охридската архиепископија. Посакуваме нашата црква да биде дел од православната екумена и посакувам како сме сплотени и единствени за време на празниците така да бидеме во текот на годината, да си помагаме меѓусебе и да сме солидарни и тогаш ќе бидеме успешни. Посакувам многу повеќе да си ја сакаме и да си ја почитуваме Република Македонија, рече Иванов.    

Честитки по литургијата во Соборниот храм упати и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посакувајќи им на граѓаните здравје, љубов и среќа до следниот Велигден.

- Да се радуваме сите заедно иако за волја на вистинакта не гледам потенцијал за такво нешто имајќи ја предвид политичката и економската ситуација во држвата. Но како човек оптимист и како христијанин сакам да верувам дека ќе успееме во саканата и проектораната цел.   

Владина делегација предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министрите за здравство и за земјоделство Филипче и Љупчо Николовски, како и градоначаланикот на градот Скопје Петре Шилегов присуствуваа на литургијата, но не дадоа изјави за медиумите. вг/нд/12:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...