• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Велигденска посета на митрополитот г.Петар во Домот за доенчиња и мали деца-Битола

Велигденска посета на митрополитот г.Петар во Домот за доенчиња и мали деца-Битола

Битола, 8 април 2018 (МИА) - Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, според востановената традиција, оствари Велигденска посета во Јавната установа  Дом за доенчиња и мали деца-Битола.

На Велигден се радуваат сите, но најмногу децата и затоа веднаш по утринската богослужба првата денешна активност ја остварив токму во Ј.У. Дом за доенчиња и мали деца, посочи митрополитот г. Петар.

- Велигден е најголемиот христијански празник. Денес се пејат најубавите песни. Денес е ден кога сите се среќни и весели. Среќата и радоста им е потребна на сите, на возрасните и најмладите, на децата...на овие деца кои се згрижени во оваа значајна јавна установа и кои со Велигденско јајце во раката го слават Велигден. Христос Воскресе! Навистина Воскресе!, порача митрополитот г. Петар за време на посетата на Домот за доенчиња и мали деца и им додели велигденски подароци.

Претставници на Преспанско-пелагониската епархија во текот на денот ги посетија и им посакаа здравје и брзо заздравување на старите лица во домовите за сместување стари лица „Сју Рајдер“-Битола. мт/вг/12:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...