• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Г.г. Стефан приреди прием за поглаварите на верските заедници

Г.г. Стефан приреди прием за поглаварите на верските заедници

Скопје, 11 април 2018 (МИА) - Во Архиепископската резиденција попладнево се одржува прием што по повод Велигденските празници го организира поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан за поглаварите и претставниците на петте верски заедници застапени во Уставот на Република Македонија. 

На приемот присуствуваат Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, претседателката на Еврејската заедница Берта Романо-Николиќ, Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква во Македонија, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, епископот Хераклејски Климент и деканот на Православниот Богословски факултет Ѓоко Ѓорѓевски.бак/рп/15:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.