• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Вартоломеј: Само Вселенската патријаршија е мајка црква

Вартоломеј: Само Вселенската патријаршија е мајка црква

Истанбул, 13 април 2018 (МИА) – Само Вселенската патријаршија може да биде мајка црква на балканските цркви, им кажал вселенскиот патријарх Вартоломеј на професорите и студентите од Православниот богословски факултет во Скопје на нивната средба во Истанбул.

Според него, Бугарската црква не може да помага на други цркви да го решаваат својот статус, туку тоа треба да оди преку Вселенската патријаршија. На професорите и студентите им порачал дека секогаш се добредојдени кај него и оти смета на нив како на идна генерација теолози и свештеници во зајакнувањето на православието и односите со соседните народи и православни цркви.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, исто така, кажал дека има добри и пријателски односи со македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој неделава исто така го посети во Вселенската патријаршија во Истанбул.са/сд/08:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...