• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Прилеп, 13 април 2018 (МИА) - Ангажирав бранител и јас многу нема да објаснувам за случајот на aеродромот. Не патував за Австралија туку на друго место, изјави владиката Петар одговарајќи на новинарско прашање да го објасни завчерашниот случај на аеродромот во Скопје кога беше приведен и испрашуван од финансиската полиција. Владиката Петар денеска служеше света литургија на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош во Прилеп по повод празникот Источен петок- Балаклија.

- Адвокатот Љубомир Михајловски-Џанго го ангажирав бидејќи бев приведен, лишен од слобода и испрашуван. Јасно им реков дека имам свој адвокат и без него нема да кажам ниту збор. Мојот адвокат им покажа и им докажа дека направиле грешка во својата постапка и дека тоа не смееле да го направат, а тие се извинија, рече владиката Петар.

На новинарското прашање дека тоа го спречило да патува во Австралија, владиката Петар изјави дека не патувал на овој континент.

- Не патував за Австралија, туку на друго место. Бев спречен да го искористам моето право да летам со авионот, но затоа со следниот авион летав. И синоќа кога се вратив повторно ми се извинија за случајот на аеродромот, изјави владиката Петар.ем/са/13:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...