Една година од канонизацијата на св.Кипријан Слепченски

Една година од канонизацијата на св.Кипријан Слепченски

Скопје, 30 април 2018 (МИА) - Првата годишнина од канонизацијата на св. Кипријан Слепченски ќе биде одбележана денеска во манастирот „Св.Јован Претеча“ во демирхисарското село Слепче.

Моштите на светителот ќе бидат изложени од 07:30 часот и пред нив ќе може да се поклони верниот народ и сите добронамерници кои ќе го посетат манастирот, а во 08:45 часот ќе се одржи литургија. 

Во дворот на манастирската црква ќе се одржи програма во рамки на која во 11 часот ќе се обрати митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар и градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски. Ќе се одржи рецитал „Св.Кипријан” и пригодна музичка програма.

Манстир Св. Јован Претеча во СлепчеСветиот свештеномаченик Кипријан бил игумен на Слепченскиот манастир повеќе од триесет години во XVIII век. Тој бил добар познавач на словенското писмо и мудар и верен економ на манастирот. Се упокоил на Велигден во 1780 година. рп/са/07:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...