Ѓурѓовденска струшка литија

Ѓурѓовденска струшка литија

Скопје, 1 мај 2018 (МИА) - Во понеделник на 7 мај во Струга деветти пат ќе се одржи Ѓурѓовденската струшка литија на која граѓаните ќе можат да се поклонат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.  

Денот на традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.

Првпат на годиншнава Струшка Литија (Еордија) ќе биде носена Пречистанската (Крнинска) икона на Мајката Божја од импозантниот манастир „Богородица Пречиста“, Кичево.

Литија Струга

Бидејќи Струшката Литија (Еордија) прераснува во семакедонски настан и станува белег по кој се препознава убавината на земјата, годинава во знак на единството и соборноста, моштите на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, ќе бидат носени, не како досега од четворица видни граѓани на Струга, туку и од жители од другите градови - еден жител на Битола, еден охриѓанец и двајца стружани.

Меѓу другото, годинава новина на струшката литија е учеството на членовите на „Ансамбл Македонија“. сст/са/08:02

###

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...