• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Одбележана првата годишнина од канонизацијата на св.Кипријан Слепченски

Одбележана првата годишнина од канонизацијата на св.Кипријан Слепченски

Скопје, 30 април 2018 (МИА) - Една година по официјалното прогласување на светиот свештеномаченик Кипријан за светител, денеска со литургија, литија, рецитал посветен на светителот и пригодна музичка програма, Слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ во демирхисарско Слепче, го одбележа денот на својот игумен кој се упокои на 30 април 1780 година. 

Од манастирот информираа дека верници од целата држава денеска биле во Слепче и се поклониле пред моштите на св.Кипријан Слепченски.

Сестринството на манастирот ги пречекале и испратиле многубројните гости меѓу кои и митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како и градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, посочуваат од манастирот. 

На денешната свеченост и официјално Демир Хисар го прогласила свети Кипријан за свој заштитник, покровител и патрон на градот. Моштите на Светителот се изложени за поклонение, секој неделен ден после неделната литургија во манастирот. рп/вј/17:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ