• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

И СПЦ ќе одбележува 1.000 години Охридска архиепископија

И СПЦ ќе одбележува 1.000 години Охридска архиепископија

Белград, 11 мај 2018 (МИА) - Српската православна црква годинава ќе ја одбележи илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, се наведува во соопштението издадено по годишното заседани на Светиот архиерески собот на СПЦ што се одржа во Пеќката патријаршија и во Белград ов 29 април до 10 мај. 

Во соопштението се посочуваат одлуките и темите за кои ова највисоко тело на СПЦ расправало, а не изостанаа ниту МПЦ и Македонија.

- Во рамките на подготовките за прослава на 800 години од самостојноста (афтокефалноста) на Српската православна црква во 2019-2020 година, Соборот на СПЦ одлучи во текот на оваа година молитвено и достоинствено да се одбележи и илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, се вели во соопштението потпишано од портпаролот на СПЦ, епископот бачки Иринеј.

Во соопштението се наведува и дека „се поздравува правосилната одлука на Големиот совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која се констатира дека властите на Поранешната Југословенска Република Македонија ја прекршиле меѓународната конвенција за човековите права и слобода на религијата и совеста, одбивајќи да ја регистрираат канонската Охридска архиепископија.“

Во делот каде се споменува односот на СПЦ со останатите православни цркви, се наведува дека тој е беспрекорен „со тажен исклучок на однесувањето на Романската православна црква и бесмислената иницијатива на Бугарската патријаршија, која неповикано и неканонски се вмешала во решавањето на прашањето на статусот на расколничката „Македонска православна црква". Во овој контекст, Соборот ја изразува и својата целосна солидарност и братска љубов, на маченичката сестринска црква во Украина, која е изложена на најгрубо гонење од страна на сегашниот режим во Киев.“

Во соопштението од Соборот на СПЦ се истакнува и дека „односите со Римокатоличката црква, реформаторските цркви и екуменските организации се коректни и конструктивни, што, за жал, не важи за односите со Хрватската бискупска конференциа, во која покрај добронамерните епископи кои дејствуваат во духот на Вториот ватикански совет, постојат за жал и добар број бискупи на неприкриена проусташка ориентација и усташоидна реторика.“

Покрај познатиот став за Косово, СПЦ се осврнува и на Црна Гора, каде во соопштението се констатира дека „особено е алармантна состојбата во Црна Гора, каде што државниот апарат спроведува дискриминаторска кампања против легитимната Митрополија на црногорско-приморската и на Будимљанско-Никшиќката Епархија, фаворизирајќи ја безначајната („црногорска“) секта на Мираш Дедеиќ, истовремено вршејќи постојан притисок врз српскиот народ наметнувајќи му го црногорскиот национален идентитет.

И покрај најавите и широката дебата во Србија, СПЦ не успеа да го донесе новиот црковен Устав, одлагајќи го неговото носење за наредната година.об/са/08:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...