• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Г.Г. Стефан: Испратена покана до БПЦ за 1.000-годишнината од Охридската архиепископија

Г.Г. Стефан: Испратена покана до БПЦ за 1.000-годишнината од Охридската архиепископија

Скопје, 11 мај 2018 (МИА) – Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан потврди дека е испратена покана до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија.

Во изјава за БГНЕС, г.г. Стефан вели дека Охридската архиепископија има значење за сите православни народи и оти очекува заедно да биде одбележан големиот јубилеј.

- Малку институции може да се пофалат со толку долг живот. Охридската архиепископија има значење за сите православни народи. Поради тоа верувам дека оваа годишнина ќе биде одбележана од сите народи кои биле под нејзина диоцеза. Верувам дека на чествувањето ќе имаме гости од соседните народи и од соседните цркви. Испратена е покана до бугарскиот патријарх и до бугарскиот државен врв. Се надевам дека ќе бидат со нас во Охрид, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.

Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде одбележан со црковно-државни свечености во Охрид на 27 и 28 мај.са/сд/08:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...