• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Синодот на БПЦ не ја прифати поканата на г.г.Стефан за заедничко одбележување на 1000-годишнината од ОА

Синодот на БПЦ не ја прифати поканата на г.г.Стефан за заедничко одбележување на 1000-годишнината од ОА

Скопје, 14 мај 2018 (МИА) – Претставници од Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на  1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид.

Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, а во врска со поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија.

Против учеството на одбележувањето во Охрид, на седницата гласале осуммина владици, а за биле петмина.

Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде одбележан со црковно-државни свечености на 27 и 28 мај во Охрид. рп/аа/18:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ