Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници

Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници

Скопје, 15 мај 2018 (МИА) - Муслиманите утре изутрина во 3 часот и 10 минути го почнуваат постот по повод Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници.

Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Алах и правење добри дела. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

Рамазан е празник кој секоја година се поместува за 10 дена напред. По рамазанскиот пост следува Рамазан Бајрам, кој годинава е на 15 јуни и се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.

Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник. рп/са/11:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...