• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Митрополит Кипријан: Комисијата за канонскиот статус на МПЦ-ОА не прекинала со работа

Митрополит Кипријан: Комисијата за канонскиот статус на МПЦ-ОА не прекинала со работа

Софија, 16 мај 2018 (МИА) - Комисијата за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, не е распуштена и продолжува со работа, изјави старозагорскиот митрополит Кипријан по информациите дека тоа тело, кое го предводи тој, прекинува со работата.

- Тоа не е точно. Нема такво нешто. Има одлука за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј за тоа прашање за МПЦ-ОА, нагласува митрополитот Кипријан за агенцијата Бгнес.

Комисијата беше формирана откако во писмо од 9 ноември до Бугарската православна црква, МПЦ-ОА побара да биде призната како независна црква и исто така БПЦ да стане црква мајка за МПЦ-ОА.

Во почеткот на оваа година во Софија имаше средба на комисиите на БПЦ и на МПЦ-ОА. зш/сп/17:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...