Вселенската патријаршија ја презеде одговорноста за прашањето за МПЦ

Вселенската патријаршија ја презеде одговорноста за прашањето за МПЦ

Скопје, 30 мај 2018 (МИА) - Вселенската Патријаршија вчера излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.

Во соопштението се наведува дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ.

Вселенскас патријаршија писмо

Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет. Писмото било испратено пред едсен месец. ац/сд/16:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ