• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Јеронимос: Прашањето за името е работа на Парламентот, а не на црквата

Јеронимос: Прашањето за името е работа на Парламентот, а не на црквата

Атина, 2 јуни 2018 (МИА)  - Не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата, туку на Парламентот одбран од граѓаните, вели архиепископот на Грчката православна црква Јеронимос, во однос на прашањето за името.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Јеронимос присуствуваше на свечено отворање на изложба во градот Авлонас, а поранешниот потпретседател на грчкиот Парламент и поранешен пратеник од Нова демократија, Јоргос Сурлас, според соопштението од ГПЦ, побарал од архиепископот „да испрати порака дека никој не може да ја предаде Македонија“.

- Не стануваме Грци само еден момент или на еден ден. Грци сме секој ден, секој час. Црквата зазеде став. Рече јасно дека никаде не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата. Црквата не прави протести, граѓаните одбраа Парламент и Парламентот е одговорен за тоа. Грците се одговорни што гласаат, а Парламентот да ја води земјата, рече архиепископот Јеронимос.ср/лв/11:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...