• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Почна годинашниот летен камп по веронаука во Рајчица

Почна годинашниот летен камп по веронаука во Рајчица

Дебар,13 јуни 2018 (МИА) – Во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, во тек е првата смена од годинешниот летен камп по веронаука.

Први гости на сестринството во овој преубав манастир се педесеттина девојчиња од Скопје.

Ова лето планирани се вкупно осум смени, кои во просек ќе ги посетуваат по педесеттина деца од повеќе градови во Македонија, а ќе бидат гости на Бигорскиот манастир, како и на манастирот во Рајчица кој е негов метох.

- И оваа година нашите манастири ќе бидат место за наука и рекреација за околу 400 деца кои ќе бидат распоредени во осум смени. Имаме нови и интересни содржини, преку кои најмладите ќе се запознаат со најважните содржини од областа на верата, историјата, уметноста и културата. Секако децата учествуваат и во практичните манастирски задолженија, изјави за МИА, сестра Ефимија.

Годинава по првпат, посочуваа таа, доаѓаат групи од Велес, Пробиштип и Струга, а секако тука се и редовните гости од Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Радовиш,Тетово.

Со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, ова е седма година по ред како се одржуваат летни кампови по веронаука. Нив во изминатите години го посетиле околу две илјади деца.вт/дма/11:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ