По повод Рамазан Бајрам утринска молитва во сите џамии во Дебарско

По повод Рамазан Бајрам утринска молитва во сите џамии во Дебарско

Дебар, 15 јуни 2018 (МИА) – По едномесечниот пост, исламските верници и во дебарското муфтиство почнаа со одбележување на големиот празник Рамазан или Фитер Бајрам.

Утринска молитва беше одржана во сите 35 џамии во дебарското муфтиство, кое ги опфаќа и подрачјето на општините Центар Жупа и Маврово Ростуше, за што навреме беа превземени сите потребни активности.

Централната манифестација по повод исламскиот празник, Рамазан Бајрам во Дебар беше одржана во Саат кула џамијата.

Сабах намаз се поклонуваше во 5:38 часот а потоа утринскиот намаз (бајрамска худба) ја водеше првиот човек на дебарското муфтиство, Хаџи Рамазан Ефенди Хаса, кој честитајќи го празникот, пред големиот број верници порача мир, благостојба, соживот и меѓусебно почитување.

По утринскиот бајрамски намаз верници исклучиво мажи ги посетија вечните почивалишта на нивните најблиски, по што до пладне одат во посета и честитање кај роднини и пријатели. Семејствата се собираат на заедничпки ручек по што повторно се продолжува со взаемни посети.

Бидејќи е неработен ден и продолжен викенд се чувствува зголемена фрекфенција, поради тоа што дебрани кои живеат во други градови во Македонија, се тука за да заедно со своите родители и роднини го прослават овој голем празник

Честитки по повод празникот до жителите од исламска религија упатија градоначалниците на Дебар Ружди Љата, на Центар Жупа Аријан Ибраим и на Маврово Ростуше Медат Куртоски преку нивните профили на Фејсбук.

Негувајќи ја вековната верска толеранција наследена од своите предци, во дебарскиот регион породолжуваат меѓусебните посети и честитања од православните верници, кај нивните соседи, пријатели, колеги.вт/дма/10:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ