Заврши третата смена од годинешниот летен камп по веронаука во Бигорски

Заврши третата смена од годинешниот летен камп по веронаука во Бигорски

Дебар, 29 јуни 2018 (МИА) - Во прекрасна духовна атмосфера и непосредна радост со најмладите, заврши и третата смена од годинешниот летен камп по веронаука во свештената обител на познатиот Бигорски манастир и неговиот мехот, манастрот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.

Овој пат, гости во двата манастира беа 40-тина деца од Струмица, Гостивар, Кочани, Скопје и Прилеп.

Како и нивните пријатели од претходните смени, имаа можност, преку разните креативни работилници и интерактивни часови по веронаука, да се запознаат со суштината и убавината на православната вера. Секако децата учествуваат и во практичните манастирски задолженија.

- И овој пат нашите најмили слушаа прекрасни поучни лекции за историјата на Охридската Архиепископија, а во контекст на тоа изработија и творби со што ни ја покажаа нивната умешност и креативност. Многу значајна за нив беше и средбата со нашиот Старец, Архимандрит Партениј, кому средбата со децата секогаш му носи посебна и богата радос, изјави за МИА отец Кирил.

Четвртата смена почнува утре а гости во манастирот во Рајчица ќе бидат деца од Радовиш, Битола и Прилеп.

Во рамки на годинешниот летен камп кој е во знакот на големиот јубилеј „1000 години охридска Архиепископија“, ќе бидат одржани осум смени, на кои се очекува да учествуваат околу 400 деца. вт/нд/19:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ