• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Празникот летен свети Наум Охридски-Чудотворец одбележан во Попова Шапка

Празникот летен свети Наум Охридски-Чудотворец одбележан во Попова Шапка

Тетово, 3 јули 2018 (МИА) - Со црковно народен собир денеска беше одбележан празникот летен свети Наум Охридски-Чудотворец  во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.

Традиционално за ова празнување доаѓаат голем број верници од сите краишта на Македонија. Во црквата беше отслужена света божествена архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски господин  Јосиф заедно со митрополитот кумановско-осоговски господин Јосиф  во сослужение на повеќе свештенослужители на МПЦ – Охридска архиепископија.

- И оваа година ја продолживме долгогодишната традиција и повторно се собравме на овој ден во овој храм, не само да ја одбележиме манастирската слава туку да се потсетиме на животот, делата и безбројните чуда прославувајќи го сечесниот спомен на големиот свети Наум Охридски Чудотворец, еден од најревносните ученици на солунските рамноапостолски браќа светите Кирил и Метродиј, рече во својата беседа пред присутните митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.

Светата литургија беше збогатена со црковно пеење на реномираниот женски младински хор „Менада“ од Тетово.  По литургијата во доворот на манастирската црква беа искршени кумските колачи по што беа поделени парчиња од лебовите, а паричките во нив ги одредија кумовите за прославата на празникот свети Наум за следното лето. ас/мд/14:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ