• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во посета на Бигорски професори и студенти од Аристотеловиот Универзитет во Солун

Во посета на Бигорски професори и студенти од Аристотеловиот Универзитет во Солун

Дебар, 9 јули 2018 (МИА) - Во посета на Бигорскиот манастир претојуваа професори и студенти од Аристотеловиот Универзитет во Солун,како и свештеници на постдипломската програма „Грција: Црковна историја и култура“ кои деновиве се во посета на македонските божји храмови.

Водачи на групата постдипломци се Василиос Кукусас и Јоанис Бакас, професори по Црковна историја на Пастирско-општествениот отсек на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун.

- Двајцата важат за еминентни професори и особени познавачи на црковната историја, со многу издадени трудови, главно од областа на општата црковна историја и нејзините извори, како и од областа на историјата на помесните Православни Цркви, а поконкретно на древните Патријаршии,-вели отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Гостите имаа срдечна средба со Неговото Високопреподобие Архимандрит Партениј, игумен на манастирот на која покрај другото изразија нескриено задоволство што ја гледаат вистинската, жива Црква со многу верници во неа а беа разменети и мислења за актуелните црковни прашања.

- Од двете страни беа изразени недвосмислени желби и верувања дека наскоро ќе биде најден клуч за разврска на проблемот што со децении ја измачува нашата Црква, нагласува отец Кирил. вт/нд/19:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ