Момчиња од Македонија се стекнаа со дипломи за протопсалти

Момчиња од Македонија се стекнаа со дипломи за протопсалти

Дебар, 10 јули 2018 (МИА) – Четворица млади Македонци се здобија со звањето протопсалт, откако успешно ги положија испитите по византиска црковна музика на конзерваториумот „Форминкс“ во Атина, Грција.

Тоа се Христијан Василевски, Филип Тинтоски, Димитар Угриноски и Глигорчо Пуреовски, кои со благослов на нивниот духовник, Архимандрит Партениј, игумен на Бигроскиот манастир, се запишале на Теолошкиот факултет во Солун, каде оваа година треба и да дипломираат. Со враќањето во Македонија, ќе го споделуваат стекнатото знаење и автентичното црковно предание кое го научиле, велат од Бигорскиот манастир.

Кандидатите испитот го положиле со одличен успех и се стекнале со дипломи признати од грчкото Министерство за образование. Стекнатите дипломи им даваат право да бидат вработени како протопсалти.

Испитната комисија ја сочинувале познати професори по теологија и музикологија, додека нивен ментор бил јероѓакон Анатолиј од Бигорскиот манастир, кој во март годинава стана магистер по византиско пеење и музикологија на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун. вт/вг/19:59

 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ