• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

На летната демирхисарска школа предавања од теологија

На летната демирхисарска школа предавања од теологија

Демир Хисар, 11 јули 2018 (МИА) - Меѓународната летна демирхисарска школа продолжи со предавања во рамки на теолошката секција кои за учесниците ги одржа професор Виктор Недески.

Од секторот за односи со јавност информираат дека Недески говорел за „Мачеништвото како појава во Црквата“, потоа за локалниот светител од манастирот „Свети Кипријан Слепченски“, како и на тема „Свети Варвар Пелагониски и хагиографските извори“.

теологија предавање Во рамки на работата на секцијата за архитектура, учесниците на меѓународната летна демирхисарска школа го слушаа предавањето на професорот Ванчо Ѓорѓиев  на тема „Илинденски реминисценции и резидиви“. 

Меѓународната летна демирхисарска школа на која предавачи се еминентни професори од Бугарија, Србија и од Македонија, завршува на 14 јули.мт/лв/14:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ